Да, зеленчукот и овошјето се добри за нашето здравје, но некои варијанти се подобри од другите. Така, еден вид може да содржи повеќе витамини, нутриенти или шеќер – од друг вид.
Кога на темава се зборува за црвената наспроти белата зелка, анализите покажуваат интересни резултати.
Во што е разликата?
Па вака. Црвената зелка содржи повеќе витамин А, железо и флавоноиди од белата.
„Зелката од било кој вид е одличен извор на фитохемикалии за кои се верува дека спречуваат развој на канцери“, вели нутриционистката Фиона Хантер. Таа вели дека и двата зеленчука се одличен извор и на витамин Б, кој е чувар на енергијата.
Сепак, црвената зелка има некои неверојатни состојки. На пример, содржи 10 пати повеќе витамин А, кој е многу важен за здравјето на очите.
Исто така, содржи и два пати повеќе железо, а поради својата „црвена“ боја – и 36 антиоксиданси кои се докажани заштитници од настанување на рак, како и докажани чувари на меморијата.
Сепак, која зелка и да ја одберете, нема да згрешите. Но, имајте во предвид дека со варење на зелката таа губи дел од своите хранливи својства.