Истражување на оваа тема, беше спроведено во десет земји на четири континенти. Според истото, на луѓето најдрага им е сината боја.
Оваа анкета беше спроведена од фондацијата YouGov и покажа дека сината е најчест избор дури и во Кина, иако таму црвената ја симболизира среќата ( и владеењето на Комунистичката партија).
Освен најдрага боја, интересен е и изборот на втора најдрага, но и на онаа боја која никому не му е привлечна. На второто место се наоѓа црвената боја, која им е омилена на жителите на азиските земји и претставници од Европа.
Обединетото кралство и САД, после сината, во најголем дел ја имаат посочено зелената боја, а Австралијанците – виолетовата.
Бојата која се најде на другата „црна листа“ е црната, за која се одлучија во најголем дел азиските земји, додека Американците не ја сакаат виолетовата. На Австралијанците најмалку им се допаѓа бордо.