Која емоција најбрзо се шири на социјалните мрежи?

Познат факт за друштвените мрежи е дека сличните луѓе се привлекуваат меѓусебно. Интересно е да се запрашаме: Дали овие сличности се причина луѓето да се однесуваат на ист начин додека се онлајн?

Руи Фен, заедно со колегите од универзитетот Беиханг, во Кина, го анализираа влијанието на твитовите со прикачена емоција, врз останатите луѓе на мрежата. Заклучокот е изненадувачки, а сознанието може да има сериозни импликации врз нашето разбирање за начинот на кој информацијата се шири преку социјалните мрежи.

 

 

angry_bird

Со анализа на севкупната дата во период од 6 месеци, во 2010, и 70 милиони твитови од преку 200.000 корисници, истражувачите се обидоа да дознаат дали реципиентите на гневна порака би пратиле, исто така, гневна порака и дали следните приматели би ја пренеле емоцијата во идните пораки. На секој од анализираните твитови, претходно, му била одредена главната емоција, преку емотиконите што ги содржеле.

Прочитајте и:  Австралија: Милионски казни за социјалните мрежи ако не спречат пристап за лица помлади од 16 години, корисниците ќе треба да се идентификуваат

Изненадувачки, кога се работи за тага и гнасење, Руи и колегите нашле многу мала корелација помеѓу корисниците. Овие две емоции не се шират лесно низ мрежата. Поголем степен на корелација постоел кај „радосните“ корисници, но убедливо, гневот најсилно влијае на рецепиентите, а информацијата се шири, во просек, 3 пати побрзо и до 3 пати поголем број корисници.

Така, ако сакате нешто да соопштите до што е можно поголем број луѓе, ослободете го внатрешниот гнев и истурете го преку тастатурата.

- Реклама -