Амбер Роуз е модел и беше во брак со раперот Виз Калифа.
Популарноста не ја достигна со талент, туку со разголените и провокативни фотографии, кои од почетокот на кариерата ги лансира во медиумите и на социјалните мрежи.
Амбер на 15 години почнала да работи во стриптиз клуб и тоа по разводот на нејзините родители, со цел да обезбеди живот за себе и својата мајка која била оставена без дом. Работела како манекенка, а со светот на шоу-бизнисот ја запознал Канје Вест со која била во врска. Со поранешниот сопруг Виз Калифа има снимено неколку синглови. Со него има и син, а моментално се бори за старателство во бракоразводниот случај.
Овие денови на Инстаграм секојдневно објавува разголени фотографии, па дури и снимка од стриптиз клуб, а интернетот го преплави и слика во која полугола вози џетски во Мајами.