Instagram ја лансира новата функционалност со видео. Но што значи ова за Vine? Конкуренцијата е добра, бидејќи на корисниците има дава избор. А која е разликата помеѓу нив?
Креирање на видеа
Треањето на видеата е различно: 15 секунди за Instagram и 6 секунди за Vine.
И двете платформи овозможуваат да да снимите повеќе неповрзани клипчиња кои подоцна ќе се спојат заедно. Кај Instagram можете да го избришете последниот клип (за секој случај, можеби сте направиле некоја грешка), додека тоа не е случај со Vine, кој пак од друга страна е во најава на опција за зачувување на драфт верзии.
Двеата сервиса не овозможуваат да користите претходно снимено видео од друг извор, туку за снимање исклучиво мора да се користат апликациите. Може да се користи и предна и задна камера, да се тагираат други корисници и локации.
Можностите за споделување се различни и овде Instagram има повеќе избори: Facebook, Twitter, Tumblr, Flickr, Foursquare и мејл, за разлика од Vine: Vine, Facebook и Twitter.
Доста внимание привлече Cinema на Instagram, што овозможува стабилизација на видеата.
Користење
Видеата на Instagram се квадратести, како и фотографиите, но со мала икона на камера во горниот десен агол. И двете апликации автоматски ги пуштаат видеата, со таа разлика што Instagram има 2 секунди одложување, а Vine е побрз.
Ниту една од нив не нуди можност за стишување на видеата во мобилните апликации, додека на десктоп компјутерите Vine видеата може да бидат стивнати.
Друга разлика која може да се напомене овде е дека Vine видеата се вртат цело време, додека кај Instagram видеата се пуштаат само еднаш. Така Vine видеата се повеќе како gif-ови.
Треба да се напомене дека сега, во оваа конкуренција, треба да очекуваме доста промени.
Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk