Хелоиса Пинеро е легендарната Бразилка која беше инспирација за композиторот Антонио Карлос Џобин и португалскиот поет Винисиус де Моралес да ја создадат легендарната „Girl From Ipanema“.
Песната во 1962 година најпрво го освои Бразил, а малку подоцна успеа да стане и глобален хит кој инспирираше бројни препеви и преработки.
Денес, и 50 години после објавувањето на славната песна, оваа девојка се уште буди воздишки со својата појава.
Во оваа фотосесија од 2006-та година, Пинера покажува дека може да се изгледа заносно и на 63-годишна возраст.
Во видеото подолу можете да слушнете и кусо интервју со „Девојката од Ипанема“, сега веќе постара госпоѓа која беше главна муза за да се создаде за боса-нова хитот кој беше оригинално изведен од Аструд Гилберто.
[youtube]http://youtu.be/UuvmRHdu5vA[/youtube]
[youtube]http://youtu.be/fkIjEkazDbA[/youtube]