Како се одредува кои актери заработуваат најмногу? Мора да се земе во предвид плата од договри, заработка во процент од профитот и реклами.
Том Круз – 75 милиони
Најновите вести за развод ставаат дамка на одлична година за актерот. Тој пред пет години имаше мали проблеми во кариерата поради некои засрамувачки информации од Скиентологија и неуспехот на “Mission: Impossible 3”.
Леонардо ДиКаприо – 37 милиони
Најновиот филм на ДиКаприо, J. Edgar, не беше ни финансиски успех ни материјал за Оскар. Делото режирано од Клинт Иствуд заработи само 80 милиони во целиот свет. Сепак ДиКаприо сè уште е еден од ретките актери кои можат да бараат плата од 20 милиони долари за работа на сериозни проекти.
Адам Сендлер – 37 милиони
Критичарите можеби ги мразат неговите филмови но дел од јавноста го обожува. Неговиот филм од 2010, “Grown Ups” на Rotten Tomatoes имаше оцена 10 од 100 но сепак беше неговото најпрофитабилно дело. Но и Сендлер знае да промаши. “Jack and Jill” во кој тој играше брат и сестра заработи 180 милиони (недоволно за надоместување на буџетот) и десет Златни Малини.
Двејн Џонсон – 36 милиони
Џонсон спасува серии. Тој му помогна на Fast and Furious во 2011 да стане најуспешниот филм во серијата. Благодарејќи на Џонсон вториот Journey to the Center of the Earth заработи далеку повеќе од неговиот претходник. Ќе треба да почекаме до пролет за да видиме дали ќе ја спаси и G.I. Joe серијата. Продолжението беше одложено од ова лето за следната пролет за да биде конвертиран во 3-D формат.
Бен Стилер – 33 милион
Стилер е еден од најплатените комичари во Холивуд. Неговите Meet the Parents и Night at the Museum филмови собираат огромни профити а неговите анимирани филмови Madagascar имаат собрано 1,6 милијарди заработка во целиот свет.