Кој повеќе се грижи за родителите – синовите или ќерките?

Кога мајките и татковците ќе остарат, неопходна им е грижа и нега од страна на нивните деца, а неодамна спроведено истражување се занимаваше со тоа кој обрнува повеќе внимание кога родителите ќе дојдат до одредени години – мажите или жените. Погледнете што е откриено.
Во многу култури, родотелите се повеќе им се радуваат на синовите отколку на ќерките, но новото истражување покажало дека децата од женски пол се повеќе приврзани за родителите и подоцна во животот повеќе се грижат за нив.

Кога е во прашање негата,  ќерките им обезбедуваат дупло повеќе внимание отколку синовите, покажува Американското социолошко здружување. Студијата опфаќа податоци за повеќе oд 26.000 лица, а востановено е дека ќерките поминуваат во просек 12, 3 часа месечно грижејќи се за своите возразни родители, додека синовите поминуваат само 5,6 часа.

„Исто така е утврдено дека синовите помалку се грижат за родителите кога имаат сестра или жена, додава авторката на студијата Ангелина Григориева од Универзитетот „Принстон“.

Тоа е загрижувачки бидејќи негувањето на стари лица е физички и емотивно многу исцрпувачки, особено ако со тоа се занимаваат децата, а не платени особи.

silhouettes-of-parents-and-kids

- Реклама -