Доколку љубовта се мереше во фустани, Пол Брокман веројатно ќе беше најдобриот сопруг на сите времиња. Можеби и е, но во случајов ќе зборуваме конкретно за друга страст. Во текот на изминатите 56 години, Пол и купил на својата сопруга Маргот 55.000 фустани.
Сето ова започнало кога Пол и Марго биле љубовници, а тој работел на пристаништето во Бремен. Таму работниците понекогаш добивале право да си изберат нешто од огромните контејнери со стока, кои постојано пристигнувале. Така Пол се здобил со првите 10 фустани, кои и ги подарил на неговата девојка.
Малку подоцна тој ја побарал нејзината рака и двајцата со Марго заминале за САД. Работливиот Германец наскоро создал своја градежна компанија и се стекнал со средства. Тој и неговата сопруга споделувале заедничка страст за танц и секој пат кога оделе на забави Пол и купувал нов фустан на Марго.
Кон 1988 година, таа веќе имала помеѓу 25 000 и 26 000 фустани. Бидејќи неговата жена во принцип не била љубител на шопинг, Пол своерачно продолжил да ги избира фустаните за неа.
Најскапиот фустан чинел 300 долари, а Марго не го облекла ниту еднаш. Всушност повеќето од овие 55 000 алишта не се облечени никогаш, но сентименталната вредност кон нив е огромна.