Finca Bellavista е самоодржлива населба што се протега на површина од 600 акри на Костарика. Главна карактеристика се туристичките куќарки на дрво. Местото располага со зиплајн тури, пешачки патеки и прекрасни места за уживање во природата. Finca Bellavista е основана од брачниот пар Матео и Ерика Хоган, и не е место за луксуз и размазување, но е место за неверојатно уживање и иницијатива за живеење што ги презервира природните убавини и коегзистира со околината.
Не се работи само за една, туку за серија од повеќе куќи на дрво.
Цените за престој во една од куќарките се движат од 100-250 долари од ноќевање.
Ќе морате самите да се снајдете за превоз. Finca Bellavista е сместена среде густата дождовна шума на јужниот дел од Костарика.
Одиме на одмор за да се релаксираме, но колку често излегува обратно? Такви проблеми не се случуваат на ова место.
Ако мислевте дека ќе спиете на голи греди, грешите. Собите се навистина пријатни и удобни, како да не се среде џунгла.
Сакате терасичка? Подобра здравје.
Се разбира, нема ТВ. Ама има зиплајнинг и прекрасни водопади. Тешко дека ќе ви биде здодевно.