Оваа година англиското првенство ни донесе многу изненадувања. Лестер стана новиот поредок на островот, Вотфорд и Вестхем играат на ниво, Палас е веднаш по најсилната 4-ка. Челзи е со двете нозе подкренати да не го пипне жешкото дно и се чека моментот кога ќе распали. Јунајтед и Ливерпул ништо посебно.
Летаат тренери од своите работни позиции, доаѓаат нови, сега за сега најгласните аплаузи за Раниери.
Кога сме кај тренерите, на Фантази сте сами свои газди, менаџери и тренери. Ајде да видиме кој е најдобар во Фантази во првата полусезона, односно кој ќе ја стартува 2016 најдобро.
Од 3,634,725 учесници, ширум целиот свет прв е David Rennie со тимот (Struthious D), свака част за типов.
Struthious D
нема препишување 🙂
Веднаш под него некој си Darren Bovill (Athletic Bilbovill), итн…
2016 во Македонија прв е Горан Стојановски (Liverpool) со 1.222. Па, со оглед на моментот дека тимот му се вика Ливерпул, можеме да кажеме јасно и гласно дека Горан оваа година е подобар тренер од Клоп и Роџерс заедно. Какарот (Тодор Илиев) му дише у врат со 1,216.
Чекаме да заврши Челзи со Палас, и од 5 саат Евертон – Тотенхем, можеби и нешто ќе се смени.
Браво за дечкиве, се гледаме во Август за финалното прогласување.
Каков Мурињо, каков Анџелоти, се гледаме на Фантази!