Иако на модната ревија во Париз во преден план треба да биде модната куќа Lanvin, Ким Кардашијан повторно се погрижи сите очи да бидат свртени кон неа.
34-годишната реална ѕвезда Ким Кардашијан, кога претходната вечер ја откри својата нова, платинеста боја на коса, се појави на ревијата на модната куќа Lanvin со сопругот Канје Вест во целосно проѕирен, мрежест фустан. Без градник, сите погледи беа насочени кон нејзините голи гради.
Со новата фризура, совршена шминка и предизвикувачки фустан, Ким изгледаше како вистинска барбика. Како ви се допаѓа нејзиниот нов изглед?
По проѕирниот фустан подоцна таа вечер го променила својот стајлинг, но овој пат не ги открила своите адути туку фокусот бил на ресите, и наликувала на каубој-девојка.