Времето е пари, а и не е модерно да имаш нерви за да потрошиш повеќе од 5 секунди на едно нешто (освен работа и Фејсбук). Настрана иронијата, греота е да комплицираш кога има алатка што го прави нештото побрзо и поефикасно, како оваа за сечење лубеница. Башка можете да влечете сламка за средината – најслаткото, или поферски да ја поделите со другите. Ѕирнете на што мислиме.
PS. Во случај да користите или решите самите да направите некоја слична алатка, бидете внимателни. Се изначитавме примери од луѓе на кои им се скршила пластиката и сечилата им се зариле во рацете.