Кој го разбра овој говор: Актерот целосно пијан ја примил GQ наградта

Актерот Бенедик Кумбербач призна дека се напил малку повеќе пред да отиде до подиумот за да ја прими GQ наградта.
Веројатно на познатите личности им е тешко да кажат „не“ на алкохолот кога се организираат доделување на награди, но кој би рекол дека Бенедик малку ќе претера.

Познатиот Шерлок, кој пристигна во елегантно црно одело, рекол дека испил повеќе од неколку пијачки пред да ја добие наградата.

Кога ја примил наградата, актерот кон публиката беше многу искрен.

– Ова е преубаво. Би сакал да се заблагодарам на Џејмс Меквој кој не беше достапен. Исто така, се заблагодарувам на моите родители за воспитувањето. Овде сум со прекрасни луѓе но сега морам да се симнам од сцена бидејќи сум пијам и морам да одам во тоалет- рекол актерот.

Згодниот Бенедик (38) имаше успешна година, ја сними серијата „Шерлок Холмс“, а се појавува и во филмот „Хобитот“.

- Реклама -