Што ново дознавме од протечените снимки за случајот „Рекет“? Дека во вечната македонска транзиција и „хиените“ можат да станат жртви… Пишува Борис Георгиевски
Имаше нешто во таа анимација; во визуелното доживување на моментот кога Боки 13 и неговиот ортак Зоран Милевски излегуваат низ вратата со торби полни пари, а Јордан Камчев- жртвата, сведокот-жртва, грижливо ги испраќа од домот со влечки, како чиниш си ги испраќа децата на училиште. Не случајно и им беше направил „спецификација како да си во прво одделение“.
Јавноста и досега знаеше дека Јовановски и Милевски си заминале од домот на Камчев со уредно спакувани еден милион евра. Тоа го објави обвинителството уште на денот, 15 јули, кога беше соопштено дека двајцата се осомничени за уцена на бизнисменот.
Целата статија на Дојче Веле