Кој ги измислил диетите?

Диета е еден од најчестите зборови во женските разговори.Речиси секоја  жена го силувала организмот со „строг режим” во менито, во одреден период од животот, а богами има и такви кои се  опседнати со постојано пресметување на калориите. Затоа,  неизбежно се наоѓа некој кој набљудувајќи ги понекогаш неплодните напори за слабеење, ќе каже „Кој ги измислува овие диети?!”  Добро прашање.

За прв пат поимот „диета”, се случил во Античка Грција. Големите мудреци Питахор и Хипократ први зборувале за диети. Питагора страдал од гасови и нашол ефикасен начин да го реши својот проблем – ги исклучил  животинските производи од менито. При тоа сметал дека оваа диета ќе му обезбеди рајски живот после смртта. Зошто ли? Никој не знае. Следен бил Хипократ. Со типичен за него рационализам тој изјавил дека да се јаде  е штетно и дури ги опишал аргументите во својот трактат „За диетата”. Тој предложил луѓето да го избираат менито во зависност од местото на живеење, возраста, самодовербата и професијата.

get-skinny-on-fad-diets_e

Старогрчкиот лекар Асклепиад бил првиот кој изјавил дека секоја болест може да се излечи со добро избрана исхрана. Токму тој се смета за основоположник на нутриционизмот. Римскиот доктор Гален пак им нудел на луѓето да го формираат менито во согласност со „билансот на ѕвездите и стихиите”, односно според хороскопскиот знак.  Сите диети на античките исцелители сепак биле насочени повеќе кон здравјето.

Првиот, кој побарал да се ослабне од практична цел, бил Вилхелм освојувачот. Кралот бил толку дебел дека не можел да се качи на коњ. Тој се одлучил на таканаречената  „течна” диета – пиел неограничени количини алкохол, одбивајќи да се храни. По него луѓето изгубиле интерес кон диетите за неколку векови.

Но во ХVІІІ-ХІХ век и објавиле вистинска војна на прекумерната тежина. Имено, овие векови започнува трендот на  бледи тела – а со нив и  средствата за разубавување.  Ништо чудно што во овие векови жените не живееле долго, бидејќи  средтствата вклучувале микс од навистина опасни супстанци.

Прочитајте и:  Оваа секојдневна навика може да го намали ризикот од деменција за 12 проценти

mmw_faddiets

 

 

Во 1820 година необична популарност добила оцетната диета на Бајрон. Талентираниот поет ги советувал луѓето да пијат многу оцет и многу вода. Поради  дијареата и не помалку вртоглавото повраќање килограмите се топеле молскавично!

Во 1830 година свештеникот Силвестер Грем предложил посебна диета за „лекување” на некои смртни гревови – лакомоста  и страста. Диетите забрануваат практично сè, поради што пациентите на Грем  најчесто завршувале во болница.

Во 1870 година Вилијам Бантинг напишал „Писмо за комплетноста”. Неговата теорија  дека прекумерното количество шеќер и скроб во организмот се претвораат во масти, била многу успешна. Луѓето дури почнале  да го уживаат поимот „бантинг”, што значело слабеење, односно  резултат на откажување од одредени  производи.

Во 1890 година Вилбур Етуотер за првпат ја разделил храната на масти, протеини и јаглехидрати и составил табела за калориската вредност на секоја група.

Во 1917 година на виделина излезе и книгата на Лулу Лов Питерс „Исхрана и здравје со дешифрирање на калориите”, во која се препорачува луѓето да си ги бројот калориите и да  практикуваат диета.

raw-food-cleanse-ed3c5c04cf3eeb7fb4c800dec06aa42c30171d1b-s6-c30

Во 1928 година компанијата „Лаки Страјк“, започнала нова  диета со слоган „Наместо бонбони – цигара! Подоцна биле создадени голем број на неверојатни начини за борба против прекумерната тежина – сапун за слабеење,  производи од копита, рогови, кожи, тетивите и коските на животни… Горе-долу во исто време Геруард Каринтон предложил алтернатива на сето ова безумие – конзумирање само  на  овошје и зеленчук.

Во почетокот на 50-тите години на ХХ век настапил вистински бум на диетите, кој не престанува и до ден денешен. Главите на сите жени се полни со постојните или имагинарни вишок килограми, а модната индустрија  поставува стандарди  за убавина, кои никој не може да достигне.

- Реклама -