Кој е полковникот предложен од опозицијата за прв полицаец

Армискиот полковник Драган Ковачки е предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за технички министер за внатрешни работи, дознава Телма. Полковникот Ковачки во моментот е нераспределен во служба во АРМ, а неговото име беше во последните унапредувања на поранешниот претседател Иванов. Ковачки тогаш беше назначен за командант на Првата механизирана пешадиска бригада со база во касарната Петровец, но таа функција ја обавуваше само неколку месеци.

Унапредувањата на Иванов, меѓу кои и на полковникот Ковачки беа поништени од новиот претседател Пендаровски. Антикорупциска комисија покрена постапка за Иванов бидејќи ги унапредил офицерите на повисоки позиции откако биле распишани избори.

Полковник Драган Ковачки има завршено повеќе школи, курсеви и бил на повеќе усовршувања. Пред да стане командант на бригадата бил во Министерството за одбрана односно бил раководител на Воената служба за безбедност и разузнавање. Ковачки има учествувано и во мисии во Авганистан и во Ирак како припадник на АРМ. Добитник е и на повеќе воени признанија.

Telma

- Реклама -