Koj e најпродаваниот автомобил во светот?

Едвај некој во Европа имаат слушнато за ван по име Wuling Hongguang!? Но, тоа е најпродаван автомобил во Кина. За минатата година се купени 1,4 милиони автомобили од моделот.

Анализата на AutoExpress покажува дека често непопуларни модели во Европа ги заземаат челните места по продажбата на специфични пазари во светот. На пример во Северна Кореја најпродаван модел е Hawtai Lusheng E70, што всушност е наменет само за такси компании. Во латиноамериканските држави број еден е Volkswagen Gol, кој има 325.000 продадени единици на континентот. Во Иран најбаран е Samand на Iran Khodro, базиран врз Peugeot 405. Во 2014 се произведени над 100.000 автомобили.

Во Венецуела најбаран автомобил е Dongfeng Rich, ребрендиран Nissan Frontier, со 3.181 продажби, а веднаш зад него се Mitsubishi Lancer и Toyota Corolla. Како што може да се очекува во Русија најдобро продаваниот автомобил е Lada Granta, а во Украина е кинескиот Geely Emgrand EC7.

- Реклама -