Кој е најголемиот страв на Жерард Батлер?!

Најголемиот страв на Жерард Батлер е дека ќе ја изгуби својата мајка, а неретко поради тоа има и ноќни мори. Можеби на прв поглед не изгледа така, но Батлер е вистинска мамина маза. И самиот неодамна им призна на американските медиуми дека најчесто размислува за својата мајка. Поточно, сексипилниот актер постојано е во страв дека ќе ја загуби.

35772pcn_gerard08

„Страшно се плашам дека на мојата мајка ќе и се случи нешто. Дури едно време имав чести ноќни мори поради ова“, признал актерот на медиумите. Додал и дека никогаш не пропушта прилика да и каже колку ја сака.

Сепак, поврзаноста на Батлер не звучи до толку чудно со оглед на тоа што неговиот татко ги напуштил уште кога бил мал, па бил одгледан сам од својата мајка. Таа целиот нејзин живот му го посветила нему и му пружала безрезервна поддршка, а тој очигледно тоа не го заборава. „Зависен сум од мојата мајка, но на позитивен начин“, отворено признал згодниот актер.

celebs_and_theirs_640_02

- Реклама -