Кој би рекол дека меѓу нив има 44 години разлика?

Манекенката сними моден едиторијал со својата ќерка која има 15 години. Славната мајка и ќерка се појавија на насловната на магазинот Bella NYC и го воодушевија светот.

Двете насмеани и убави, Кристи Бринкли и Сејлор блескаа на снимањето. Кристи била горда на нејзината 15-годишна ќерка која првпат зачекори во светот на манекенството.

„Многу сум горда на ќерка ми. Пред некој ден ме праша дали треба да почне диета. Полудев. И реков дека диетата не е решение, за манекенството најважно е да си фит и да си здрав. Но, и дадов до знаење дека тој свет не смее да влијае на неа, не смее да го дозволи тоа“, рекла возбудената 59-годишна Бринкли, која за своите години изгледа одлично.

Би рекле дека меѓу овие две убавици има 44 години разлика?

img_6851062_340