Кој би ни бил претседател во случај на бојкот на претседателските избори?

Шпекулациите присутни во јавноста извесен период, дека е можен некаков бојкот на престојните претседателски избори, во „стилот“ на референдумот за името, стигнале и до Владата, а од таму извори велат дека не се исклучува можноста за нови уставни измени за избор на претседател, доколку тоа се случи.

Нема детали дали во тој случај на маса ќе биде идејата претседател да се бира во Собрание, интервенција во потребната излезност или некое друго решение.

За да изборите бидат успешни на истите да треба да излезат околу 720 илјади граѓани или 40% од гласачите.

Во случај изборите да бидат неуспешни, привремен претседател на Македонија ќе биде претседателот на Собранието, Талат Џафери.

- Реклама -