Кој би го помислил ова за Бијонсе?

Бијонсе често пати ја фалат поради нејзиниот беспрекорен изглед во јавност, но се чини дека во приватниот живот не е толку уредна.

Барем како што тврди нејзината поранешна колешка од Destiny’s Child.

Кели Роланд вели дека Бијонсе не е од оние личности на кои им смета нередот. Но, мисли дека причината за тоа е дека пејачката има премногу обврски.

Kelly-Rowland

„Таа сама би ви го кажала тоа. Што се однесува до уредноста, тука не се покажа добро. Не знам дали сега е сменета, но така беше порано. Би кажала дека нејзината соба е нешто како нејзиниот ум. Тука се случуваат многу работи“, низ смеа рекла Кели во шоуто „Watch What Happens Live with Andy Cohen“.

Не ни е познато што рекла Бијонсе за ова.

- Реклама -