Кои вработени немаат право на К-15?

Доволно е да исполните само еден од условите за да не добиете пари на сметка!

Регресот за годишен одмор или популарно наречен К-15 треба да се исплати најдоцна до 31 декември 2019 година и се пресметува врз основа на просечната нето и бруто плата во последните три месеци.

Износот за К-15 за 2019 година ќе се движи од 10.088 до 14.985 денари.

За фирмите кои се уште не исплатител, имаат уште еден месец да ја завршат оваа законска обврска бидејќи во спротива, предвидени се парични и затворски казни за работодавачот.

Меѓутоа, некои компании не се обврзани да исплатат регрес за годишен одмор.

Компаниите кои ќе прокнижат лош финансиски резултат во тековната година имаат право да исплатат К-15 во износ понизок од законскиот минимум. Некои компании може да исплатат дури и 1 денар на оваа основа.

К-15 не им следува на сите вработени
Исплата на К-15 не треба да очекувате доколку е исполнет еден од следните услови:

1. Вработени сте во некоја јавна институција, односно во јавниот сектор. Вработените во јавниот сектор се уште немаат право на К-15 бидејќи тоа не е пропишано со нивниот Колективен договор.

2. Имате стаж во компанија кој не е подолг од шест месеци со што автоматски не ви следува исплата на регрес за годишен одмор бидејќи К-15 им се исплаќа само на вработени кои се пријавени кај ист работодавач најмалку шест месеци.

3. Доколку работите кај еден ист работодавач подолг временски период од шест месеци, но имате прекин во работен стаж.

- Реклама -