Агенцијата J.D. Power and Associates направи уште едно интересно истражување за автомобилите, кое овој пат се однесува на седиштата.
Експертите составија ранг листа на автомобилите со удобни седишта, а резултатите се од анкетата направена меѓу 86.000 возачи на моторни возила.
Истражувањето е направено во периодот февруари – мај 2014, а експертите во анкетата кај сопственици на нови возила, барале да зборуваат за проблемите со седиштата на нивните автомобили кои се појавиле во првите 90 дена од купувањето на истите. Истражувањето покажува дека најдобрите автомобилски седишта се оние на Ford C-Max, а во првата тројката влегуваат уште Hyundai Elantra и Porsche Panamera.
Најнеадекватниот седишта се оние на јапонските Honda Pilot, Toyota Sequoia и Toyota 4Runner. Уште нешто интересно од истражувањето е дека сопствениците на автомобили со три реда седишта, ги употребуваат дополнителните фотелји во багажникот најмалку еднаш месечно.
Еве и рангирање на моделите со удобни седишта, а во загради е потенциран производителот: