Кои уреди ќе изумрат во 2013?

CD ROM и радио апаратите се уреди кои најверојатно ќе изумрат оваа година, одлучено е на гласањето на „Gadget Graveyard” спроведен на Саемот за потрошувачка електроника во Лас Вегас на почетокот на овој месец.

Фотоапаратите и десктоп компјутерите избегнаа слична судбина и покрај се поголемата популарност на паметните телефони и таблети. Повеќе од 1,700 луѓе, членови на Институтот за електронско инженерство, инженери, студенти и учесници на ЦЕС гласале во анкетата за тоа кои уреди најверојатно оваа година ќе престанат да се употребуваат.

CD_ROM

Учесниците на гласање ги повикувал „духот“ на Томас Едисон во вид на холограм.

[youtube]http://youtu.be/pj5eIg9O6hw[/youtube]

30 години старата технологија на CD ROM-от добила 75 отсто гласови, што не изненадува со оглед на тоа дека нему одамна му се заканува исчезнување благодарение на популарноста на попрактичните USB флеш драјвови.

Меѓутоа, гласачите биле повеќе поделени кога станува збор за судбината на останатите уреди. Радио апаратите се на второ место со 58 отсто гласови „за“, MP3 плеерите добиле 55 отсто, DVD-то 53 отсто, а ресиверите за кабелска телевизија 51 отсто.

mp3

Ова гласање е резултат на се поголемата наклонетост на корисниците кон онлајн стримиг или преземање на телевизиски серии, филмови и музика од Интернет.

Гласачите биле пооптимистични кога станува збор за фотоапаратите и GPS системите – тие добиле 75 отсто, односно 58 отсто „не“ гласови на прашањето дали ќе заврши на електронски отпад.

cf-high

Учесниците на анкетата ги спасиле и десктоп компјутерите, оти 62 отсто гласале позитивно за нивната судбина, иако таблетите и лаптопите заземаат се поголем удел на пазарот.

Неколку „хартиени“ работи се нашле на врвот на листата на оние кои најверојатно ќе преживеат оваа година: печатари 81 отсто, кеш 74 отсто.

- Реклама -