Кои се најпознатите Facebook игри?

Facebook изобилува со игри. Тоа многу им се допаѓа на луѓето кои поминуваат многу време играјќи ги безбројните игрички во социјалната мрежа. Благодарение на тоа, овие игри генерираат огромни приходи, а тоа од своја страна доведува до силно проширување на гејмерски платформи на социјални сајтови.

По традиција, секоја година Facebook ги прогласува најпопуларните игри на страницата. Оваа година информациите малку подранија, бидејќи податоците се однесуваат за игрите со најголема популарност до месец септември, но дури и по истекот на 2013 година едвај ќе бидеме сведоци на генерални промени во рангирањето.

Првите три игри од листата Candy Crush Saga, Pet Rescue Saga и Farm Heroes Saga се создадени од еден создавач- King.com. Игра број 4 во листата Criminal Case која припаѓа на Pretty Simple. Dragon City припаѓа на Social Point, FarmVille 2 и Texas HoldEm Poker на Zynga. 21 Questions е сопственост на компанијата со истото име, Give Hearts е сопственост на 6waves, а Diamond Dash – на Wooga.

Прочитајте и:  Корисниците пријавуваат дека не може да праќаат и примаат пораки на Инстаграм и Фејсбук

1. Candy Crush Saga – 43 469 305 активни корисници на месец.

2. Pet Rescue Saga – 38 437 500 активни корисници на месец.

3. Farm Heroes Saga – 30 218 750 активни корисници на месец.

4. Criminal Case – 25 831 250 активни корисници на месец.

5. Dragon City – 25 225 000 активни корисници на месец.

6. FarmVille 2 – 23 925 000 активни корисници на месец.

7. Texas HoldEm Poker – 21 318 750 активни корисници на месец.

8. 21 questions – 20 632 503 активни корисници на месец.

9. Give Hearts – 20 568 750 активни потребители на месец.

10. Diamond Dash – 19 418 750 активни потребители на месец.

Teкстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -