Германските изданија AUTOStraßenverkehr и Eltern составија листа на најпознатите и најдобри семејни автомобили. Рејтингот се заснова на изборот на над 20.000 читатели и интернет корисници кои го дале своето мислење за 155 модели од различни цена категории.
Единствениот услов е сите автомобили да имаат багажник со капацитет над 400 литри! Па, победник во категоријата на повеќето достапни семејни автомобили со цена до 15.000 евра е Škoda Roomster. Чешкиот модел освои 19.4% од гласовите. На второ место со 12,9% се рангира друга Škoda – комби верзијата на Fabia, а на трето еуште еден претставник на групата Volkswagen – Seat Ibiza ST.
Најдобар семеен автомобил за цена помеѓу 15.000 и 20.000 евра е Škoda Octavia Combi. VAG доминира и во оваа категорија. На второ и трето место се квалификува Volkswagen Golf Sportsvan и Tiguan. Производите од Волфсбург триумфираа и во останатите сегменти од 20.000 до 25.000 евра (Volkswagen Touran), од 25.000 до 30.000 евра (Passat Variant) и од 30.000 до 35.000 евра (Multivan).
Кај поскапите семејни автомобили има некоја разновидност. Audi A6 Avant е најдобар меѓу автомобилите до 40.000 евра, пред Audi Q5 и караванот на Mercedes-Benz C-класа. Во најскапиот категорија над 40 илјади прво место за Mercedes-Benz V-класа.