Спортред NADA – аналитичарите на користени возила, моделот кој има најмала девалвација од автомобилите кои биле лансирани на пазарот во 2014 е Chevrolet Corvette Stingray.
Цената му се задржува до цели 84,7 проценти по првите акумулирани километри.
Ова е навистина извонреден резултат за американската спортска икона. Вакво остварување немал одамна ниту еден модел на американскиот пазар, посебно ова се големи почести за модел од домашно производство. На второ место по Corvette е рангирана Subaru Forester со 81,8 проценти, а на трето Toyota Highlander со 78.8%.
Во сосема друга крајност е многу попрактичниот Mitsubishi Mirage, кој има најнизок резултат, задржувајќи само 54,5 проценти од цената по почетокот на неговата употреба. По Mirage, најлоши се Fiat 500L на второ место со 55,3 проценти и на трето место е Kia Cadenza со 56,5%. Ова девалвација звучи као чиста фарса, брутално половина од цената на автомобилот лета во облаците, откако ќе го напушти локалниот дилер на автомобили.