Кои промени ве очекуваат откако ќе престанете со пушење

quit_smokingСакате да ги откажете цигарите? Што откако ќе престанете со пушење? Дознајте како ќе се чувствувате и како ќе ви се подобри квалитетот на животот ако прекинете со пушење.


quit-smoking-tipsСакате да ги откажете цигарите? Што откако ќе престанете со пушење? Дознајте како ќе се чувствувате и како ќе ви се подобри квалитетот на животот ако прекинете со пушење.

Промени на расположението
Неколку денови, недели, па дури и месеци после престанувањето со пушење ќе чувствувате нагли промени на расположението, ќе бидете раздразливи, вознемирени, па дури и депресивни. Добрата вест е дека тоа е нормална реакција предизвикана од зависноста од никотин, па таа состојба со текот на времето значително ќе се подобри. Ќе искусите  неосоница и замор, но и тие со тек на време ќе се повлечат.

Промена во исхраната
Пушењето негативно влијае врз сетилото за вкус, па со престанувањето конечно ќе го дознаете вистинскиот вкус на различните видови храна, а ќе се отарасате и од лошиот здив. Ќе ви се зголеми желбата за храна и грицки, а за тоа да не се одрази лошо на вашата телесна тежина во фрижидерот чувајте големи количини исецкано овошје и зеленчук. Можете да грицкате и семки или јаткасти плодови.

Физичка активност
Дебелеењето е вообичаена нуспојава што следи после престанувањето со пушење, но може да се избегне доколку малку ја зголемите физичката активност. Редовното вежбање воедно ќе го забрза вашиот метаболизам, ќе ви даде дополнителна енергија и ќе ви го подобри расположението.

Промени на кожата
Пушењето предизвикува рано стареење на кожата, ја прави сува и подложна на иритации. Чадот од цигарата на кожата остава талог кој ги затвора порите, па кожата станува бледа и полна со нечистотии. Кога ќе престанете да пушите, кожата ќе ви изгледа посвежа, поздрава и помлада.

- Реклама -