Кои му се омилени филмови на Тарантино?

Quentin-Tarantino

За првиот филм на листата Тарантино вели: “Ако постои филм кој би сакал да го режирам од кога режирам, тогаш тоа е овој. Се работи за филмот „Battle Royale“.

Вториот филм е од добро препознатливиот Вуди Ален. Се работи за филмот „Anything Else“.

Третиот филм е „Dazed and Confused“. Според Тарантино, ова е еден од најдобрите средношколски филмови. Од тука е и познатата реплика: „That’s what I love about these High School girls, man. I get older, they stay the same age. Yes they do. Yes they do.“

Првото правило на Fight Club: не зборуваш за Fight Club.

„Lost in translation“ на Софија Копола. И како Скарлет Јохансон се обидува да го најде своето место во светот.

„The Matrix“. Ова би бил вториот омилен филм на Тарантино после „Battle Royale“, но продолженијата според Тарантино ја уништиле приказната.

„Unbreakable“, според Тарантино во овој филм Брус Вилис има најдобар перформанс во својата кариера.

„The insider“. Драма во која главниот лик се обидува да му каже на светот за тајната на седумте најголеми компании за тутун која тие ја кријат за опасноста на нивниот производ.

„The Host“. Само Бонг може да направи филм за чудовишта да биде толку морничав и симпатичен.

„Friday“. Тарантино не ја крие неговата љубов кон нелегални супстанци, па не е големо чудо што овој филм се најде на неговата листа.

- Реклама -