Мерните станици покажуваат и до десет пати поголема концентрација на штетните честички во воздухот.Во отсуство на ефективни мерки, активисти од градот бараат начин како да се заштитат пред да бидe предоцна
Високо загадени се Тетово, Куманово, Скопје, Струмица и Гостивар.
Во Гостивар, неколку еколошки здруженија и граѓани со транспаренти „Нема повеќе молчење, нема повеќе чекање“ го изразија револтот против отсуството на акција од властите за решавање на овој проблем. Најавуваат дека протестите нема да запрат се додека не бидат преземени конкретни мерки. Тие на случајни минувачи им делеа заштитни маски против загадениот воздух. И во Скопје денеска загадувањето е алармантно. Тој е меѓу 15-те најзагадени градови во светот.
Во Скопје има највисока концентрација на ПМ честички.