Брајан МекКлер 1993-1996
Со воведувањето на новото правило за постојани бројки на дресовите, сезоната 93-94та бројот 9 му припадна на МекКлер.Тој беше една од најсилните карики во тимот по доаѓањето на Сер Алекс Фергусон во Јунајтед.
Енди Кол 1996-2001
Легендата на Премиер лигата Енди Кол го наследува бројот 9 од МекКлер, летото 1996. Ако 9-ката е бројка која треба да ја носат напаѓачи, Кол беше и повеќе од тоа.
Луис Саха 2004-2008
Саха ја наследува 9-ката од Кол и на почетокот ги полни мрежите на противниците (7 гола на 12 натпревари). Но, потоа подлежи на многу повреди во текот на целата негова кариера во клубот.
Димитар Бербатов 2008 – 2012
Пристигна во Јунајтед за тогаш огромни 30.75 милиони фунти од Тотенхем, вечерта пред затворањето на тренсфер-рокот. 9-ката ја наследи од Саха, кој ден претходно се пресели во Евертон.
Радамел Фалкао 2014-2015
2014-тата беше најавуван како најбомбастичниот трансфер. Штета што не успеа да се опорави од повредата на коленото и не заигра во препознатлив ритам. Дури стана и предмет на шега. Ништо подобро не помина и во Челзи.
Антони Марсиал 2015-2016
Дојде во Јунајтед минатата сезона која ја започна со перфектен соло гол против Ливерпул. Тој ја носеше 9-ката баш беше популарен под надимакот Nombre Neuf. Наредната сезона ќе ја стартува со бројот 11. (Зошто?…)
… затоа што Златан по прес-конференцијата и официјалното потпишување на договорот, на својот Инстаграм профил напиша “I chose the number 9,”. Во ПСЖ носеше 10ка, во Интер 8ка, а во Милан 11ка. 9ката ја носеше во Ајакс, Јувентус и Барса.