Речиси 50% од изгледот ни зависи од генетиката, а 33% од животните навики. Жените кои пушат и не користат креми изгледаат 10.4 години постарo од оние кои ја негуваат кожата.
Лошите навики можат кожата да ја направат да изгледа постаро за 10 години, утврди заедничкото истражување во Велика Британија, Кина и Шпанија, спроведено врз 585 жени на старост од 25 до 75 години. Тие се виновни за 33% од изгледот, додека влијанието на гените е поголемо од 50%.
Така, прекумерното изложување на штетните UV зраци, исхраната која не содржи овошје и некористењето на хидратантни креми ја уништува кожата и го убрзува стареењето.
„Негата на кожата не значи само користење на скапи креми, најважно е да се храниме здраво и да внимаваме на животниот стил. Промените се добредојдени и може да се поправи состојбата на кожата“, хагласил водичот на студиите Ендрју Мајес.