Овогодишниот турнир во Русија ќе биде запаметен како прв на кој се користела долгоочекуваната ВАР технологија.
Сите судиски превиди се сведени на минимум, а ист е случајот и со протестите со играчите, кои не реагираат кај главниот судија дури и ако неговата конечна одлука е во корист на противникот.
Шпанска „Марка“ направи анализа во која ги отстрани сите ВАР одлуки, а интересно по конечниот пресек истите екипи кои стигнаа до осминафиналето ќе се најдеа во нокаут-фазата , само со мала промена на местата во три групи.
Промените би се случиле во групите Б, Ц и Ф каде првите две екипи ќе би ги замениле местата. Така, Португалија ќе завршеше пред Шпанија, Данска пред Франција и Мексико со два бода повеќе од Шведска.
Се работи за анализа на ВАР одлуки кои имаа директно влијание на конечниот резултат на натпреварите.