Роберт Дауни Џуниор го зазема првото место како наплатен актер во изминатата година.
Улогите во „The Avengers“ и „Iron Man“, му донесоа заработка од неверојатни 75 милиони долари, и така тој се најде на престижното прво место за најплатен актер.
На второто место се наоѓа Чејнинг Татум со заработени 60 милиони долари, додека на третото место се наоѓа Хју Џекмен со заработка од 55 милиони долари.
Четвртото место го зазема Марк Волберг со исплата од 52 милиони долари, додека зад него се наоѓа Двејн Џонсон со приход од 46 милиони долари.