Управувањето со времето (time management) е процес на планирање и контрола на времето што се троши на одредени активности, а со цел зголемена ефикасност, ефективност и продуктивност.
Со помош на планирање, поставување цели, делегирање на работата, одредување на приоритетите и анализа на потрошеното време можеме своето време подобро да го организираме и за краток период да завршиме што поголем број обврски.
Сајтот „Ofiice Time“ спроведе истражување, што опфатило 600 луѓе претежно сопственици на мали претпријатија, хонорарни работници и други експерти, кое покажа дека најголеми „убијци“ на продуктивноста се:
1.Завршување административни работи – 8%
2.Разговарање по мобилен телефон, испраќање СМС пораки – 10%
3.Социјални мрежи – 11%
4.Патување до работа и назад – 13%
5.Разговори што не се поврзани со работа – 16%
6.Состаноци – 18%
7.Одолговлекување на обврските – 19%
8.Гледање телевизија – 26%
9.Пребарување на Интернет – 27%
10.Електронска пошта – 33%