„Коха“: Артан Груби ќе биде прв заменик на премиерот и ќе се прашува за секоја одлука

Артан Груби ќе биде прв заменик на премиерот во новата влада и Министер за политички систем. Бујар Османи ќе биде нов шеф на дипломатијата, односно министер за надворешни работи. Министер за финансии ќе биде Фатмир Бесими, а министри за економија и заштита на животната средина остануваат Крешник Бектеши и Насер Нуредини, дознава весникот на албански – „Коха“, од доверливи извори.

Поставувањето на Груби за прв заменик премиер ќе биде прв пример кога на оваа функција е поставен човек од редовите на албанска партија, а како што пишува весникот, според договореното меѓу коалиционите партнери, одлуките ќе бидат носени со консензус меѓу премиерот и првиот вицепремиер.

И според информациите на „Коха“, ДУИ ќе раководи и со Министерството за информатичко општество и администрација, а името на наследникот на Дамјан Манчевски ќе се знае најдоцна до вечер. Според информациите на порталот „Фактор“, главен кандидат е Ширет Елези – досегашната заменичка на министерката за финансии.

Прочитајте и:  Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се хистерични

Според „Коха“, од редовите на ДУИ ќе бидат именувани и шест од замениците министри.

Министер за земјиделство, пак, ќе биде Аријанит Хоџа – генерален секретар на Беса.

- Реклама -