„Вероника и јас го пробуваме ова ново нешто наречено, ух, џогирање. Верувам дека е ‘џогирање’ или ‘јогирање’. Може да е меко ‘џ’. Не сум сигурен, но наводно само трчаш преку продолжен период од време. Би требало да биде лудо и диво“.
Ова е само еден цитат од филмот Anchorman, што постои со единствена цел да биде апсурден и смешен, особено што главниот лик Рон Бургунди не посветил ни минута во животот на вежбање. Но, дејствието на Anchorman се случува во 1970-тите, а тогаш нештата беа поинакви.
Во 1960-тите, да видиш некој да џогира значеше да му се чудиш зошто трча и безуспешно да се обидуваш да го разбереш. Трчаа спортистите, атлетите, војниците, трчаа Бетмен и Робин, ама обичните луѓе – никогаш. Во примерот, Рон Бургунди по сé изгледа го фаќа почетокот на трчачката треска, кога луѓето уште немаа флуоросцентни спортски патики, бициклистички, спортски градници и смартфони со плејлисти за секое темпо на трчање. Впрочем, трчањето во тоа време беше толку многу необично, што во октомври 1968-та, „Чикаго Трибјун“ посвети цела страна на опишување на новиот тренд на „џогирање“. Во тој период падна и првата казна за „илегално користење на автопатот од страна на пешак“, а друг беше бркан од пет полициски автомобили, бидејќи… трчаше.