Загрижена соседка повикала полиција бидејќи се слушале чудни звуци од соседната куќа.Меѓутоа, наместо жртви на насилство, полицијата пронашла заљубена свиња.
Полицијата на градот Чајна, во северноамериканската држава Мејн, соопштила дека минатата седмица добила повик од жена која рекла дека во соседната куќа се слуша бука, налик на тепачка.
Според пишувањето на локалниот медиум „Morning sentinel”, полицајците кои биле испратени на лице место, востановиле дека причинител на вревата е „свиња која грофта од среќа“.
Соспственикот на куќата објаснил дека чува свињи и звуците ги испуштал маж кој бил сместен заедно со пет женки свињи во свињарникот.
Во своето соопштение, полицијата навела дека немало напад, ни неред туку „ грофтање на пресреќна свиња“.