Кога старото комбе ќе се претвори во помош за бездомниците – изгледа вака!

Двајца генијални 20-годишни момци од Австралија, смислија брилијантен и неверојатно хуман начин за да им помогнат на бездомниците. Имено, комбето кое тие двајца го поседувале, го претвориле во подвижна перална за алишта, со цел да им овозможат чиста облека на лицата кои немаат средства за да го остварат ова.

Двајцата иноватори, Лукас Печет и Николас Марчеси, ја започнаа оваа иницијатива само со едно старо комбе и генератор. Со помош на донации, тие добиле и две машини за перење и сушење алишта, овозможувајќи му на ова комбе да може да испере и до 20 килограми алишта во еден час.

Проектот започна во јули оваа година, а комбето работи пет дена во неделата ширум Бризбејн. Доколку истиот биде оценет како успешен, планот на двацата организатори е да ја прошират оваа акција низ цела Австралија.

Прочитајте и:  Австралија: Милионски казни за социјалните мрежи ако не спречат пристап за лица помлади од 16 години, корисниците ќе треба да се идентификуваат

homeless-moving-laundromat-orange-sky-laundry-australia-1 homeless-moving-laundromat-orange-sky-laundry-australia-2 homeless-moving-laundromat-orange-sky-laundry-australia-3 homeless-moving-laundromat-orange-sky-laundry-australia-4 homeless-moving-laundromat-orange-sky-laundry-australia-5 homeless-moving-laundromat-orange-sky-laundry-australia-6

 

- Реклама -