Не ве судиме. И нашиот одговор е веројатно ист како вашиот. А веројатно истиот одговор го имаат и белграѓани, па затоа гестот на едно девојче како ретко кога им ги стопли срцата.
Случаен минувач го забележал девојчето како клечи и разговара со бабичка која речиси секојдневно проси на истото место, во близина на Српската академија за наука и уметност. Не се знае што зборувале, но на човекот му се видело симпатично и фатил да слика. Така успеал да го сними и моментот кога девојчето ја гушнало бабичката.
Белграѓани се стопени и коментираат дека овој гест им ја враќа вербата во човештвото. Останува да видиме дали вратената човечност белграѓани, а и ние, ќе ја искористиме на некоја друга бабичка, просјак, бездомник или било кој кому му треба помош.
виа Точка