Кога поранешниот има нова девојка

За полесно да ја пребродите новонастанатата ситуација, експертите за врски советуваат неколку решенија.

Не поминало ни месец од раскинувањето, а вашиот поранешен веќе започнал да излегува со нова девојка. Бесни сте, разочарани, лути, но не смеете да дозволите вашите негативни емоции да ве обземат. За полесно да ја пребродите новонастанатата ситуација, експертите советуваат неколку работи.

Избегнувајте ги местата на кои што би можеле да ги видите

Можеби имате потреба да го здогледате поранешниот за да проверите дали гледа во неа, како што гледал некогаш во вас, но немојте, бидејќи со тоа само ќе ја зголемите љубомората. Немојте да го следите ниту на „Фејсбук“, бидејќи ќе станете параноични и ќе ви се чини дека секој негов статус и е посветен неа.

Немојте да се споредувате со новата девојка

Дури и во случаи кога вие сте го оставиле него, суетата работи, па сакате да востановите дека е поубава од вас. Многу жени во проценките ги вклучуваат и пријателките, очекувајќи реакции како „Не е убава“, „Ти за неа си премија“, „Можел и подобра да си најде“. Обидете се да не го правите тоа, бидејќи тука не се работи за натпревар.  И колку помалку знаете за неа, толку подобро.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

n36338

Потсетете се на неговите маани

Не е важно кој раскинал, вашиот поранешен сигурно не е совршен. Наместо за неговите добри страни, размислувајте на мааните, ќе ви биде полесно. И немојте да заборавите која е причината за раскинувањето, очигледно нешто не функцинирало, инаку би траело.

Фокусирајте се на својот живот

Правете работи што ве опуштаат и ве прават среќни. Заминете во теретана, дружете се со пријателите, читајте, гледајте филмови ќе ви помогне да допрете до себе. Единственото што би требало да го избегнувате е потрага по нов дечко, за да му се одмаздите на поранешниот.

- Реклама -