Кога по булеварите на Букурешт шетаа овци

photos-romania-bucharest-farmers-876-body-image-1472053619-size_1000

Како и сите социјалистички влади во Советскиот сојуз, романскиот комунистички режим исто така имаше амбиција да го понижи Западот во смисла на тоа да го надмине со индустријализација. За потребите на големото производство, владата натера цели заедници од фармери од руралните средини – кои сé уште беа прилично недопрени од модернизацијата – да се преселат во романскиот главен град Букурешт. Таму, овие селани живееја во станови и беа приморани да започнат нови кариери, овој пат како фабрички работници.

Но овие луѓе, со себе во градот ги донесоа и нивните рурални традиции – правеа сапун од свинска маст меѓу кулите, чуваа добиток во становите и готвеа ручеци пред зграда, како што тоа отсекогаш го правеле.

Истото тоа се случуваше и по падот на режимот во 1989 година, кога фотографот Вали Пана се обиде да го улови судирот на културите. Серијата од фотографии направени во раните 90-ти, покажуваат град штотуку запознаен со идејата за урбаност, во кој не беше изненадување стадо овци да го блокираат најпрометниот булевар.

Самите наоѓајте ги сличностите.

photos-romania-bucharest-farmers-876-659-1472053660
Жена во запрежна кола го чека мажот да ја поправи дупнатата гума. Денес запрежни коли уште можат да се видат во поруралните градови на Романија, ама не и во Букурешт.
photos-romania-bucharest-farmers-876-671-1472053654
Жени прават сапун од свинска маст во маало.
photos-romania-bucharest-farmers-876-452-1472053652
Фудбалски фанови грицкаат сончоглед додека чекаат да почне утакмицата, пред стадионот на Рапид Букурешт.
photos-romania-bucharest-farmers-876-770-1472053651
Многу стари цркви беа демолирани за да се направи место за згради со социјални станови. Оваа не.
photos-romania-bucharest-farmers-876-726-1472053658
Патници се качуваат во камион, кој ги носи низ Букурешт, наместо автобус. Денес овие камиони ги користат романските полициски единици за брзо распоредување.
photos-romania-bucharest-farmers-876-857-1472053653
Фенси свадба во 90-тите. Лимузината е американска, и изнајмена.
photos-romania-bucharest-farmers-876-812-1472053659
Еден од најстарите рибни ресторани пред својот локал донесе џиновска белуга – нешто како пи-ар стант што требаше да им даде на луѓето до знаење дека продаваат секогаш свежа риба.
photos-romania-bucharest-farmers-876-233-1472053655
Старата „чаршија“ на Букурешт – место што беше микс од илегално вселени згради, чудни продавници и сомнителни барови во 90-тите. Денес има скапи клубови, хотели и бутици.
photos-romania-bucharest-farmers-876-515-1472053650
Продавање семки и сончоглед на илегални тезги во близина на прометно пазарче.
photos-romania-bucharest-farmers-876-774-1472053647
Пазарџија седи на бостан – прави пауза зад тезгата.
photos-romania-bucharest-farmers-876-466-1472053656
Сообраќаен метеж при пороен дожд. Повеќето Романци тогаш уште возеа во Дачии – романска комунистичка репродукција на стар модел на Рено.
photos-romania-bucharest-farmers-876-483-1472053648
Гробиштата на Хероите на револуцијата, во Букурешт. Најголем дел од загинатите во борбите против комунистичкиот режим во 1989 беа млади луѓе.
- Реклама -