Кога падобранот ќе се отвори предвреме (видео)

Кога ќе се каже несреќа со падобран веднаш помислуваме на тоа дека падобранот се отворил предоцна, но што ако се отвори предвреме?

Овој несреќен падобранец од Калифорнија кој се спушти на земја без свест конечно може да ја види снимката од падот поради кој почнал да верува во „виша сила“.

По две години тренинг во Монтереј Беј школата за падобранство и 29 успешни скокови Герардо Флорес не се плашел да скокне од авион. Меѓутоа, само неколку секунди откако се нашол во взодух, неговиот падобран неочекувано се отворил на 4000 метри надморска височина.

„Само експлодира. Нешто тргна наопаку, а мене безброј мисли ми поминуваа низ глава. Падобранот не смее да се отвори на висина над 1800 метри“, вели Флорес.

На снимката се слуша дека Флорес вели дека не ја гледа зоната за слетување и дека најверојатно ќе го пресече падобранот и ќе се потпре на помошниот. Во еден момоент вели: „Што ако резервниот не се отвори?“.

На земја се спуштил 20 минути подоцна, без свест и тоа точно на зоната за слетување.

Флорес бил пренесен во болница, а подоцна се утврдило дека неговата опрема била „истрошена“.

[youtube]http://youtu.be/-huDuuIb2eg[/youtube]

- Реклама -