Добрата хидратација е исклучително важна, ако сакаме кожата да ни биде здрава и убава. Производите Еуцерин AQUAporin ACTIVE овозможуваат интензивна хидратација дури и во најдлабоките слоеви на кожата. Ја содржат активната состојка глуко-глицерол која го стимулира производството на аквапорини во кожата. Аквапорини се водни канали кои ги придвижуваат водните молекули во кожните мембрани и го регулираат оптималниот трансфер на вода внатре и надвор од клетките на кожата. Биохемиските процеси започнуваат длабоко во кожните клетки што е гаранција за идеална хидратација. Еуцерин AQUAporin ACTIVE е магичниот клуч за оптимална хидратација на кожата-долготрајно и длабоко.
Во различни клинички и дерматолошки тестирања во кои беа вклучени повеќе од 750 испитаници, само по 24 часа беа забележани подобрувања во нивото на хидратација на кожата кај луѓето кои ги употребиле овие производи. По една или две недели на употреба, нивото на хидратација е оптимализирано дури и во најдлабоките слоеви на кожата.