Поминав голем дел од животот низ различни искуства, учејќи многу за другите, но и за себе. Дури сега кога наполнив 50 години, сфатив дека сум пропуштила некои работи.
Ова се моите совети.
Не треба да им молчиме за нешто што не ни одговара
Долго молчев пред работите кои не ми одговараа бидејќи не сакав да се конфронтирам со никого. Им молчев на моите родители, пријателки, на мојот сопруг и највеќе им молчев на своите деца.
Не сакам да молчам на неправди, ниту пак на работи со кои не се согласувам.
Не сакам да се грижам за тоа што другите мислат за мене
Важно ми е само мислењето на моите блиски луѓе бидејќи тие ме виделе и на врвот и на дното и тие се оние кои ракоплескаат кога победувам и кои жалат кога не ми е добро. Некогаш имам повеќе килограми, но ќе уживам во тоа бидејќи сум гурман. Некогаш ќе излезам без шминка на лицето, но нема никому да се правдам бидејќи тоа така како што јас изгледам.
Таква сум како што ме создал Бог. Имам брчки на лицето, но тие говорат за мојот живот, за сè што сум поминала.
Нема да го чувам тоа што не ми е потребно
Долго време таложев работи во мојот дом мислејќи дека ќе ми притребаат. Наместо тоа, создадов хаотичен простор со многу хартии, кутии и гардероба која не ми е потребна. Спомените се во моето срце и мојот ум, тие не мораат да бидат во материјалните работи околу мене. Сакам малку работи во својот дом, за да ми е лесно да го исчистам, но и да не тонам во прашина од стари работи.
Нема да се дружам со луѓе кои не ми одговараат
Не морам веќе да минувам време со луѓе кои ме полнат со негативна енергија. Им дадов многу години од мојот живот, не сакам веќе да го правам тоа.
Нема веќе да барам добро во сите околу мене
Некои луѓе се лоши колку и да не сакам да си го признаам тоа. Ако некој направил нешто лошо, тоа го направил од свои причини, но веќе нема да трошам време да го разберам тоа. Нема веќе да ги оправдувам другите околу мене. Делата зборуваат повеќе од милион зборови. Доволно возрасна сум да кажам дека некој не е добра личност и да продолжам понатаму со животот.