Кога на часовничар ќе му дадеш да ти прави тјунинг на колата

tuning

Уникатниот Bentley Mulsanne Speed е дело на познатиот доработувач на производителот на часовници Rolex.

Повеќето автомобилски производители добиваат креации од тјунинг работилници, за да ги направат побрзи и помоќни. Bentley го даде својот Mulsanne Speed за надворешна доработка, за да го… покажува времето подобро. Всушност, овој проект е изработен од Bamford WD и имплементиран од Mulliners, посебна работилница на Bentley за изведби по нарачка. Ако сте познавач на тјунинг сцената, името Bamford не ви говори ништо. Џорџ Бамфорд е прочуен по своите доработки, но не на автомобили, туку на … часовници.

Син на еден од најбогатите градежни претприемачи во Англија, Џорџ ја создаде компанијата Bamford Watch Department, за да ги „допакува“ делата на компании како Omega и Rolex. Како што пишува GQ, тоа е „човек кој погледнува во својот Rolex и си вели: можам да го направам и подобро, пред да го расклопи на составните делови и да промени сè од механизмот до стрелките?! Бамфорд ја применил истата шема и врз новиот Mulsanne Speed. За  оваа цел на луѓето во Mulliners им било потребно да развијат сосема нова сина боја, целосно иновативен систем за хромирање, позлата на деталите и да дизајнира кутија за часовници каде во нормална лимузина е барот со пијалоците. Но, како што гледате, се се исплатело!

- Реклама -