Кога морето е единствениот спас: Борба за живот среде огнената стихија во Грција (видео)

Фејсбук страната „International Hellenic World“ објави мала (со оглед на реалните последици) фотокомпилација од пожарите што беснеат околу Атина. Билансот на жртви постојано расте, а изгорени тела можат да се видат и по улиците. Погледнете ги само сликиве:

 

Според дописничката од МИА од Атина, портпаролот на грчката влада – Димитрис Ѕанакопулос, го соопшти билансот од пожарите заклучно со 11.30 часот по локално време.

„До овој момент во болниците во Атика згрижени се 156 возрасни лица од кои 11 се во сериозна состојба и се поврзани на апарати,  како и 16 деца чии животи не се во опасност. Во овој момент, за жал бројот на жртвите е 50 лица. Противпожарната служба, во соработка со полицијата продолжува со тешката задача на евиденцијата и информирањето ќе биде континуирано. Од друга страна, бродови на крајбрежната служба и нуркачки единици, ја проверуваат областа за пронаоѓање на можни заглавени, додека до овој момент, извлечени се вкупно 715 луѓе, главно од областа Мати“.

- Реклама -