Талентираниот 25-годишен фотограф од Швајцарија, Себастијан Манјани е автор на оригинален проект, кој се нарекува “Underdogs”. Благодарение на своите вештини во фотоманипулацијата, тој создава 8 портрети кои покажуваат сличност меѓу кучето и неговиот сопственик. Преку различни компјутерски програми Себастијан ги облекува кучињата, им додава коса и додатоци, за да ги доближи максимално до сликата на нивниот сопственик.