Ако некој ги собере најлоште дизајнери и архитекти во светот, највероватно ќе направат куќа како оваа. Имотот се наоѓа во Индијанаполис, и има четири спални соби и пет бањи.
Со оглед на количината и големината на просторот во оваа куќа, многу е сомнителна изјавата дека целата површина на куќата изнесува 143 квадратни метри. Меѓутоа, тоа не треба да биде толку изненадувачки со оглед дека сопственикот на домот има репутација дека работел со сомнителни трансакции.
Речиси не постојат зборови со кои би можеле да го опишеме екстериерот и ентериерот на ова чудо, пишуваат американските портали.
Спалните соби во кои се сместени по неколку кревети, ентериерот е пренатрупан со „декоративен“ камен и чудни балкони.
Според пишувањето на локалните весници, сето тоа речиси има смисла ако се земе во предвид дека куќата била изградена и уредена од Џери А. Хостетлер кој оттогаш станал градежен мини-магнат.
Починал пред шест години, а имотот е продаден за 1,3 милиони долари.
Во нашата фото-галерија може да го погледнете овој збир на кич и невкус!